Нина Димитриевска повторно има потреба од нашата помош. Нејзината мајка упатува нов, итен апел бидејќи Нина секојдневно се соочува со силни болки и тешки моменти.
За потребната операција се неопходни 100.000 евра. Досега е обезбедена приближно половина од сумата, но времето брзо истекува – остануваат само две недели за да се соберат средствата што недостигаат.
Секој ден е важен.
Секоја донација е чекор поблиску до потребниот третман.
А секое споделување може да стигне до човек кој ќе помогне.
Потребна е нашата заедничка помош за Нина да добие можност за живот со помалку болка и повеќе насмевки.
Донации преку телефон:
143 193 – Телеком
143 473 – ВИП
Донации преку банка:
Шпаркасе банка:
250500021369574
НЛБ банка:
210501724202015
ИБАН:
MK07250080008236959
СВИФТ:
INSBMK22
Ако не можете да донирате, споделете го апелот. Нека стигне до што е можно повеќе луѓе, се вели во апелот.
