Фото: Принтскрин/Социјални мрежи
Поранешниот директор на „Државна Лотарија“, Перпарим Бајрами, кој е осомничен за проневера и злоупотреба на службена должност, се пријавил во полиција откако претходно една година беше во бегство.
Бајрами е еден од осомничените за големи злоупотреби направени во „Државна Лотарија“.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот од Министерството за внатрешни работи.
