Патниците на летот на „SunExpress“ од Франкфурт кон Анталија поминале низ исклучително непријатна ситуација откако поради дефект на помошниот систем за напојување на авионот, температурата во кабината достигнала дури 45 степени Целзиусови.
Поради високата температура, патниците подолг период биле изложени на тешки услови. По интервенцијата, тие биле префрлени во терминалот, каде што на лицата на кои им била потребна медицинска помош им биле извршени здравствени проверки.
Непријатниот инцидент дополнително го одложил патувањето. Авионот кон Анталија полетал со задоцнување од околу четири и пол часа.
Веста ја пренесува Tuketicideneyimleri.
