Нов инцидент во трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Скопје повторно го привлече вниманието кон безбедноста на ескалаторите и опремата што секојдневно ја користат голем број граѓани.
Вчера во објектот дошло до пукање на стаклената заштитна ограда поставена покрај еден од ескалаторите. Според сведоштво на посетител кој во тој момент бил во трговскиот центар, стаклото ненадејно испукало пред него.
На фотографиите се гледа дека стаклената површина претрпела сериозно оштетување, со голем број пукнатини распоредени низ речиси целиот панел.
По инцидентот, ескалаторот бил ставен надвор од употреба. Во моментот на случувањето во трговскиот центар имало и други посетители.
Засега нема официјални информации што довело до пукањето на стаклото. Не е познато дали причината е поврзана со технички проблем, механичко влијание или друга околност.
Исто така нема пријавено повредени лица, а нема ниту официјално објаснување за причината за пукањето на стаклото. Останува да се утврди што точно се случило и дали оштетувањето претставувало потенцијален ризик за посетителите.
Веста ја пренесува Skopjeinfo.mk

