Двајца медицински техничари од ургентниот центар во Мариета, Џорџија, ја претворија својата работна приказна во љубовна приказна со среќен крај.
Нивната врска започнала во најтешките денови од пандемијата, кога заедно минувале низ стресот и предизвиците на работата во итната медицинска служба. По години поминати еден покрај друг, момчето решило да направи чекор што таа долго ќе го памети.
Искористувајќи го нејзиното секојдневно работно опкружување, тој тајно го организирал изненадувањето на болничкиот хелиодром. Наместо уште еден обичен работен ден, таа била пречекана со најважното прашање во својот живот.
Така, местото каде што секојдневно спасуваат животи станало сцена за нивниот најубав момент – официјалниот почеток на нивното патување кон брак.
Веста ја пренесува Infomax.mk
