Борбата со пожарот кај Јасен продолжува. Состојбата е сериозна, но пожарникарите и екипите на Дирекцијата за заштита и спасување се постојано на терен и активно работат на спречување на ширењето на огнот и заштита на шумскиот појас.
Во гаснењето се ангажирани копнени тимови, а во критичните делови од интервенцијата дејствуваа и трите „Ер трактори“ на ДЗС.
Силите се координирани и насочени кон најкритичните точки, со јасна цел – огнот да биде ставен под целосна контрола и да се заштити природното богатство на Јасен.
Под команда на директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, екипите продолжуваат со максимален ангажман на терен.
Борбата е тешка, но ДЗС не отстапува. Јасен се брани.







