Трагичен инцидент во хотел во турскиот туристички град Аланија го привлече вниманието на јавноста, откако 39-годишен маж го загубил животот по скок во вода која била многу поплитка од очекуваното.
Жртвата, Ариф Ерман, татко на три деца, скокнал од хотелското пристаниште, но наместо во подлабок дел, завршил во вода длабока само околу половина метар.
При падот, Ерман со главата удрил во дното, при што се здобил со тешка повреда на вратот. Поради сериозноста на повредата, несреќата имала фатален исход.
Целиот момент бил снимен од надзорна камера во хотелот, а снимката по несреќата предизвикала голем број реакции.
Трагичниот случај е уште едно предупредување дека скокањето во вода без претходно да се провери нејзината длабочина може да има сериозни, па дури и смртоносни последици.
Веста ја пренесува Radiosarajevo.ba
