Фото: Принтскрин
Голем успех за македонскиот претставник Васил Ангелов, кој се закити со златното прво место на престижниот меѓународен фестивал „Echo of the Nomads“, што се одржа во Киргистан.
Ангелов со својот настап ги освои највисоките оценки, оставајќи одличен впечаток во силната меѓународна конкуренција и заслужено стигна до највисокото признание на фестивалот.
Со освоеното прво место и златниот медал, Васил Ангелов уште еднаш го потврди својот квалитет и талент, претставувајќи ја Македонија на меѓународната сцена во најдобро светло.
