Фото: ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје
ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје соопшти дека малата хероина Бисера си заминала дома со своите родители, откако помина 82 дена во болница.
„Денес е ден за солзи радосници, за длабока воздишка и за прослава на најголемата животна победа. По цели 82 дена поминати на одделот за интензивна нега (ОИНТ), нашето мало, а толку големо чудо — малата Бисера, конечно го прави својот најважен чекор и заминува дома, во прегратките на своите родители каде што и е местото.
Бисера се роди во 27 г.н со телесна тежина од 960гр. Бисера уште од својот прв ден покажа што значи да се бориш без збор, а да кажеш сè. Со секој изминат ден, со секое отчукување на срцето и секој самостоен здив, таа ни одржа лекција за храброст, за волја и за животна сила . Таа не беше само пациент — таа беше нашата мала хероина, нашата дневна инспирација и потсетник зошто оваа професија е толку света.
Секој монитор што чукаше во нејзиниот ритам, секоја промена на нејзиниот апарат, секоја непреспана ноќ и секој нежен допир преку инкубаторот беа дел од една невидлива, но нераскинлива врска. Во овие 82 дена, целиот тим дишеше во ист ритам со неа помагајќи и да ги надмине сите препреки. Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство, ја чувавме секоја нејзина мала победа и со страв и надеж чекавме да дојде токму овој ден.
До нејзините родители: ви честитаме на несекојдневната трпеливост, тишината која ја носевте со толку достоинство и вербата која ниту за момент не ја изгубивте. Вие бевте нејзиниот најсилен столб, а таа вашата најголема светлин“, објавија од ГАК.
