Сараевскиот естраден менаџер Адмир Арнаутовиќ Шмрк повторно е уапсен. Овојпат, според босанските медиуми, е опфатен со истрага за организирана меѓународна трговија со наркотични средства, меѓу кои кокаин и хашиш.
Апсењето е дел од полициската акција „Кетеринг“, спроведена од МВР на Сараевскиот кантон во соработка со Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ. Акцијата се одвивала на околу 20 локации, а покрај Шмрк биле приведени и Анел Сејфовиќ, хирургот Митхат Асотиќ, неговиот син Хамза Асотиќ и Мирсад Мујкиќ.
Шмрк во минатото соработувал со повеќе познати музички имиња, меѓу кои Џала Брат и Буба Корели. Нивната соработка била прекината откако, според претходни медиумски наводи, се појавиле несогласувања околу хонорарите за настапи. Во естрадните кругови подоцна се појавија и тврдења за наводно рекетирање.
Со Шмрк во минатото соработувала и Маја Беровиќ. Според медиумските наводи, по прекинот на соработката следувале сериозни инциденти и притисоци. Се тврдеше дека пејачката платила околу 500.000 евра, но проблемите наводно не завршиле со тоа.
Сенида, пак, наводно ја прекинала соработката поради несогласувања околу заработката од настапите. Откако добила предупредување дека може да биде во опасност, таа, според претходни извештаи, го напуштила Сараево и заминала во Љубљана. Во текот на истрагата, според сараевски „Рапорт“, биле откриени информации за наводен план за напад врз пејачката.
Веста ја пренесува Newz24live.com

