По кратко боледување почина Весна Филипова, сопственичка и основач на туристичката агенција „Весна Турс“, една од агенциите со долгогодишно присуство на македонската туристичка сцена.
Веста за нејзината смрт со голема тага ја споделија нејзините блиски и соработници, кои ја опишуваат како посветена професионалка, човечна личност и жена која со години била нераскинливо поврзана со својата работа.
Особено потресен е фактот што Филипова починала токму на својот роденден.
„Весна Филипова, сопственичка на ТА ‘Весна Турс’, по кратко боледување, на нејзиниот роденден се откажа од животот. Бог да ја прости. Сочувство до семејството“, се наведува во објава споделена на социјалните мрежи.
Туристичката агенција „Весна Турс“ била основана во 1992 година во Кочани, а повеќе од една деценија подоцна, во 2004 година, своето работење го проширила и со деловна единица во Скопје.
Во текот на годините, агенцијата станала препознатливо име меѓу патниците, а зад нејзиниот развој стоела токму Весна Филипова.
Последното испраќање ќе се одржи во петок, 4 септември 2026 година, на Градските гробишта во Кочани. Капелата ќе биде отворена за последна почит од 12:00 до 14:00 часот.
Зад неа остануваат семејството, пријателите, колегите и бројните луѓе со кои била поврзана низ годините, како и делото што го градела повеќе од три децении.
Веста ја пренесува Newz24live.com


