Фото: МВР
Српски државјанин ќе плати казна од 3.000 евра откако два пати бил снимен како вози со 160 км/ч кај Демир Капија.
Максималната брзина на посоченото место е 80 километри на час, што значи дека 34-годишниот Србин возел двојно побрзо од дозволеното.
На 20 август возел со брзина од 169 км/ч додека два дена подоцна возел со 163 км/ч.
