Фото: Принтскрин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се закани дека ќе ги засили украинските напади со беспилотни летала длабоко во руска територија.
„Задачата е илјада дронови на ден за напади со долг домет во Русија. Во моментов испраќаме по 300 дронови дневно, но таа бројка мора да се зголеми“, кажа Зеленски.
Зеленски посочи дека Украина мора максимално да го користи оружјето за да ги одбие руските напади.
Киев ги зголеми трошоците на војната за Москва со нападите на рафинерии за нафта, логистички центри и други воени цели.
