Фото: Facebook/Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT
Македонската таеквондистка Миљана Рељиќ имаше уште еден одличен настап и освои бронзен медал на Отвореното првенство Г-4 во Таијуан, Кина.
Рељиќ на стартот ја победи Јијао Санг со 2-0, по што славеше против Мохидил Уктамјонова со 2-1. Потоа оствари триумф над Чиа Веи Ванг со 2-1, а на крајот се закити со бронзениот медал.
Овој медал ѝ носи и 14,4 бодови кои се важни во борбата за пласман на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
