Фото: Принтскрин
Снимка од конфликт меѓу двајца возачи во Хрватска се прошири на социјалните мрежи и предизвика голем број реакции.
На снимката се гледа како црн автомобил запира среде пат, а возачот потоа излегува од возилото и вади нешто од багажникот, по што тоа предизвика реакција од црвениот автомобил кој тргна да избега.
Засега не е познато зошто возачот на црниот автомобил запрел, ниту што претходело на инцидентот кој загрижи многумина во Хрватска.
