Фото: Принтскрин
Руска ракета од типот „Бандерол“ во текот на летот влегла длабоко на територија на Белорусија, објавија украинските мониторинг канали.
Според информациите, ракетата преку територијата на Белорусија поминала околу 120 километри, а тоа предизвикало итна реакција од војската која ги кренала во воздух ловците Су-30.
Авионите не успеале да ја пресретнат ракетата и да ја урнат, а таа продолжила да се движи сè додека не останала без гориво, по што паднала во едно поле.
