По кратката пауза, Fast Food 7, попознат меѓу скопјани како „Седмица“, повторно ги отвора своите сендвичари.
Откако вработените го искористија периодот за колективен одмор, познатите локации повторно се враќаат во функција. Тоа значи дека љубителите на препознатливите сендвичи повторно можат да го нарачаат омиленото јадење по кое овој бренд со години е дел од скопската сендвич-култура.
За оние на кои им недостигаше познатиот вкус, добрата вест е тука – паузата заврши, а „Седмица“ повторно работи.
Веста ја пренесува Eho.mk

