Холивуд е потресен од веста за смртта на актерката Хејден Панетиер, која почина на само 36-годишна возраст. Актерката беше позната по улогите во популарните серии „Херои“ и „Нешвил“, но и по настапите во филмови како „Запомнете ги Титаните“ и франшизата „Врисок“.
Нејзиниот татко, Скип Панетиер, во емотивна изјава се прости од својата ќерка и ја опиша како личност која внесувала огромна љубов и радост во животите на луѓето околу неа.
„Таа беше неверојатна светлина и вистинска сила на природата“, порача нејзиниот татко, додавајќи дека нејзината енергија и љубов допреле до бројни луѓе, како и до милионите гледачи кои ја следеа на малите и големите екрани.
Семејството побара приватност во периодот на тешката загуба, додека се обидува да го прифати ненадејниот и болен настан.
Засега не се објавени дополнителни информации за околностите околу нејзината смрт.
Панетиер зад себе остава кариера започната во најраните години од нејзиниот живот и бројни улоги по кои ќе остане запаметена кај публиката ширум светот.
Веста ја пренесува Abcnews.com

