Нова тешка сообраќајна несреќа се случила вчера вечер, во која четири лица се повредени, од кои три се здобиле со тешки телесни повреди.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 21:45 часот, кога патничко возило „БМВ“, управувано од 23-годишен возач, излетало од автопатот Скопје–Тетово.
Во инцидентот тешко се повредени возачот и двајца сопатници, меѓу кои и 15-годишно лице. Уште еден 20-годишен сопатник се здобил со телесни повреди.
Повредените биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана медицинска помош и биле констатирани повредите.
За случајот бил известен јавен обвинител, а полициска увидна екипа извршила увид на местото на несреќата. Засега нема дополнителни информации за причините поради кои возилото излетало од патот.
Од местото на несреќата се појави и видео на кое може да се видат полициски возила и екипи на Итната медицинска помош кои пристигнале по инцидентот.
Веста ја пренесува Plusinfo.mk
