Драматични сцени се одвивале во Берлин откако жена останала заробена на 11. кат од зграда зафатена од пожар. Со оглед на тоа што противпожарната платформа можела да стигне само до деветтиот кат, спасувачите не можеле директно да допрат до неа.
Во момент кога ситуацијата станала критична, жената презела исклучително ризичен чекор. Таа се спуштила два ката подолу и влегла во мала спасувачка корпа, со површина од само еден до два квадратни метри.
Во сложената спасувачка операција биле повредени 13 лица, но, за среќа, сите успеале живи да ја напуштат зградата.
Пожарот избувнал на 14 август во берлинската населба Фридрихсхајн, во близина на железничката станица Остбанхоф. Инцидентот предизвикал голема спасувачка интервенција и привлече внимание поради драматичниот начин на кој била извлечена жената од опасност.
