Фото: Комерцијална банка
Инцидент се случил во здравствена установа на подрачјето на Карпош, каде што вработен во Итната медицинска помош, според пријавата, агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и упатувал закани со остар предмет.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 9 август во 19:30 часот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил истиот ден околу 16:50 часот.
Во пријавата е наведено дека Ф.С., кој е вработен во Итната медицинска помош, се заканувал кон медицински лица додека во рака имал остар предмет.
Од МВР соопштија дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
