Фото: Принтскрин
Возачите во Македонија ги очекува значително поевтинување на горивата. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени, а новите цени ќе важат од полноќ.
Најголемо намалување има кај дизелот. Еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе поевтини за 8 денари, па од полноќ ќе се продава по цена од 91,50 денари за литар.
Поевтинување има и кај бензините. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 4 денари, со што литар ќе чини 87 денари.
Исто намалување е предвидено и за ЕУРОСУПЕР-98, чија нова цена ќе изнесува 89 денари за литар, односно четири денари помалку од досегашната.
Така, од полноќ возачите ќе плаќаат:
- ЕУРОСУПЕР-95 – 87 денари/литар
- ЕУРОСУПЕР-98 – 89 денари/литар
- ЕУРОДИЗЕЛ – 91,50 денари/литар
