Фото: Принтскрин
Во моментов се активни пет пожари на отворен простор – во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар.
Во изминатото деноноќие се изгаснати и неколку пожари, благодарение на навремената реакција и координацијата на противпожарните екипи и тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарот над Зелениково е ставен под контрола, додека целосно се изгаснати пожарите кај Грчец во Сарај, Новите градски гробишта во Прилеп и во село Црвивци, Кичево.
Во гаснењето активно се вклучени и воздухопловите „Ер трактор“ на ДЗС, кои се под команда на Стојанче Ангелов, со цел брзо и координирано дејствување таму каде што е најпотребно.



