Четириесет и двегодишен државјанин на Мароко го загуби животот за време на полициска интервенција во италијанскиот град Болоња. Според досегашните информации, при интервенцијата му биле ставени лисици и бил физички совладан од полициските службеници.
Надлежните институции отворија истрага за да се утврдат сите околности под кои дошло до смртниот исход. Клучни докази во постапката се очекува да бидат снимките од камерите што ги носеле полицајците, како и резултатите од обдукцијата, кои треба да ја разјаснат точната причина за смртта.
Веста ја пренесува Trtbalkanmk.
