Фото: Принтскрин
Шесст лица, меѓу кои и три деца, загинаа во украинскиот напад со дрон на преполна плажа во близина на црноморското летувалиште Геленџик, објавија руските власти.
Во нападот биле повредени 40 лица, од кои дури 17 завршиле во болница, а оштетена е и цивилна инфраструктура, објави гувернерот на Краснодарската област, Венијамин Кондратјев.
Гувернерот објави дека нападот бил насочен кон цивилна инфраструктура и сите служби биле испратени на терен да помогнат.
На социјалните мрежи се појави и снимка која го прикажува падот на дрон на плажата.
