Полскиот маратонски пливач Бартломеј Кубковски испиша нова страница во спортската историја, откако стана првиот човек што успеал да го преплива Балтичкото Море на рутата од Шведска до Полска.
Неверојатниот подвиг го чинеше речиси 56 часа непрекинато пливање, без ниту еден момент за сон. За тоа време тој совлада околу 160 километри низ студените води на Балтикот, а во неделата навечер, видно изморен, но на свои нозе, пристигна на плажата во полскиот град Џивнув.
Ова беше негов петти обид да ја освои оваа исклучително тешка морска делница. Минатата година беше многу блиску до успехот, кога исплива 159 километри, но по 55 часа мораше да се повлече на само 11 километри пред целта.
Покрај спортската димензија, Кубковски својата мисија ја искористи и за хуманитарна цел. Со овој подвиг собираше донации за фондацијата „Кенсер Фајтерс“, организација која обезбедува поддршка и помош за деца кои се борат со рак.
Веста ја пренесува Premiernews.mk
