Фото: Принтскрин
Судот во Белград, по предлог на Јавното обвинителство, му одреди притвор од 30 денови на турскиот државјанин К.Е. кој е осомничен дека убил руска државјанка Т. Љ. КК и нејзиното тело го ставил во куфер и го фрлил во канал.
Обвинителството претходно на судот му предложи да одреди притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичните дела. Осомничениот на сослушувањето го негираше извршувањето на кривичното дело.
Постои сомнеж дека К. Е. Ја намамил Русинката во својот стан во кој влегле околу 5.30 часот, по што тој наводно ја задавил, а потоа ја ставил во патнички куфер и ја изнел од станот околу 6.55 часот, а куферот го фрлил во канал.
