Едногодишната пудлица Бејли успеа да преживее речиси еден месец заробена под урнатините што ги оставија двата силни земјотреси во Венецуела. Нејзиното спасување предизвика големо внимание, а за случајот информираше „Њујорк пост“.
Спасувачките екипи ја пронашле Бејли додека расчистувале остатоци од срушените објекти. Според нивните информации, кучето било во исклучително тешка состојба, со сериозна дехидратација и исцрпеност поради долгото време поминато без храна и вода.
Веднаш по извлекувањето, животното било пренесено во ветеринарна клиника, каде лекарите започнале интензивен третман. На Бејли ѝ била обезбедена интравенска рехидратација, стабилизација на организмот и третман на повредите што ги добила додека била заробена.
Од ветеринарната служба соопштија дека нејзината здравствена состојба е стабилна и дека закрепнувањето оди во добра насока. Иако има оштетувања на очите, предизвикани од долгото изложување на прашина и недостигот од природно навлажнување, стручниот тим оценува дека прогнозите се охрабрувачки и дека се очекува успешно закрепнување.
Веста ја пренесува Слободен печат.
