Фото: Принтскрин
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ објави видео на кое се гледа дека вандали го оштетуваат културно-уметничкото друштво „српски вез“.
Стоилковиќ објави снимка на социјалните мрежи на која може да се забележат две лица како се прекачуваат преку оградата, а потоа предизвикале материјална штета и испишале графити со „УЧК“.
Овој потег предизвика жестока реакција и министерот посочи дека државата и јавноста треба најстрого да го осудат.
