Фото: GladiatorVesti.mk
Од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче започна повеќедневниот марш во чест на Илинден и македонските херои.
Со свечено испраќање од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, вечерва започна 48. традиционален Илинденски коњички марш. Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, тргнаа кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои.
Маршот се организира во пресрет на големиот државен празник – 2 Август, Илинден, а организатор е Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.
























