Фото: Принтскрин
Пред неколку денови регионот беше потресен од видеото на социјалните мрежи, кога македонската државјанка С.С. со автомобил прегази шарпланинец, откако претходно истиот ѝ го распарчил нејзиното милениче.
Основниот суд во Улцињ ѝ одреди притвор од 30 денови на 46-годишната С.С. од Македонија која е осомничена за кривично дело „убивање и мачење животни“.
Според приказната на осомничената, шарпланинецот претходно го нападнал нејзиното семејство, а го усмртил и нејзиното милениче, по што реагирала со автомобилот и го прегазила.
