Македонија утре ќе биде зафатена од променливо и нестабилно време, проследено со локални врнежи од дожд, грмежи и засилена атмосферска нестабилност. Според прогнозите, во повеќе региони се можни интензивни временски процеси кои краткотрајно ќе прераснат во невреме.
Во најпогодените подрачја се очекуваат силни налети на ветер што можат да надминат брзина од 60 километри на час, а не е исклучена ниту изолирана појава на град. Поради ризикот од опасни временски услови, издаден е метеоаларм кој предупредува на силен ветер.
Фото: UHMR

