Фото: Принтскрин
Поранешниот премиер на Украина, Николај Азаров тврди дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски може да посегне по уште посурови методи против политичките конкуренти доколку се тргне од претпоставката дека бил вмешан во обидот за убиство на бизнисменот Вадим Јермолајев во Монако.
Азаров оцени дека нападот во една од најбезбедните земји во Европа веќе се сериозни предупредување пред можните избори во Украина.
„Секако дека може. Изборите уште не почнале, не се знае ниту кога ќе се одржат. Гледате што се случи во Монако, таму има камери на секои пет метри“, вели тој.
Според зборовите на Азаров, Зеленски е подготвен да ги тргне украинските конкуренти поради страв дека може да ја загуби власта.
