Шумските пожари што беснеат низ Шпанија предизвикуваат огромни штети и принудија илјадници жители да ги напуштат своите домови. Огнената стихија зафати повеќе од 15.000 хектари, а над 10.000 лица беа евакуирани поради опасноста што сè уште не е ставена под контрола.
Во драматичните спасувачки акции, припадниците на Цивилната гарда успеаја да извлечат неколку кучиња кои беа заробени во подрачјата зафатени од пламените јазици.
Со силна порака тие истакнаа:
„За нас секој живот е вреден – не оставаме никого зад себе.“
Веста ја пренесува 24chasa.mk
