Фото: Принтскрин
Дарко од Гостивар објави резултати од тестовите по загадувањето со водата во градот. Тој тврди дека кај него биле пронајдени јајца од цревниот паразит
Ascaris lumbricoides и побара одговорност за случајот кој ја потресе Македонија.
„Ова е мојот микробиолошки наод. Кај мене се пронајдени јајца од цревен паразит – Ascaris lumbricoides. Овој паразит е познат по тоа што се пренесува по фекално-орален пат, преку загадена вода, загадена храна или нечисти раце. По препорака од лекар, поради лесното пренесување, треба да се испитаат и најблиските членови на семејството, бидејќи ако има уште заразени, може повторно да се пренесува. Денови по лекари, анализи, лекови, изгубени работни денови, нервози… Во услови кога официјално беше утврдено загадување на водата, прашувам: Дали градоначалникот чувствува морална одговорност? Кој ќе ги плати прегледите? Кој ќе ги плати анализите? Кој ќе ги плати лековите? Кој ќе им го врати здравјето и мирот на луѓето што поминаа низ ова? Не барам изговори. Не барам прес-конференции. Барам одговорност“, објави тој.

