Фото: Принтскрин
Иран ја предупреди Бугарија поради најавата за привремено распоредување на американски воени авиони на нејзина територија.
Бугарската Влада дозволи привремено распоредување на осум американски авиони за дотур на гориво во воздух, а од Иран го осудија потегот и посочија дека Бугарија учествува во агресијата.
Нашиот источен сосед информира дека целта на поставувањето на авионите е од одбранбена цел, а не е поврзана со нападите врз Иран.
