Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) По силниот судир на кејот: Перо Камиказа се огласи од болница и откри што се случило!

Gladiator 20/07/2026

Македонскиот музичар Петар Георгиевски – Перо Камиказа се опоравува по сериозна незгода што ја доживеал додека возел велосипед на Кејот на Вардар во Скопје. Инцидентот му предизвикал потрес на мозокот, расекотина на главата која била сошиена со четири конци, како и повеќе телесни повреди.

За случката самиот информираше преку објава на социјалните мрежи, посочувајќи дека несреќата се случила неколку дена претходно, во близина на мостот „Аминта Трети“.

Според неговото сведочење, додека се движел по велосипедската патека, рекреативец од спротивен правец ненадејно ја сменил насоката на движење, без да провери дали патеката е слободна. Судирот бил неизбежен, а ударот толку силен што музичарот паднал и направил превртување.

„Доживеав потрес на мозокот, добив четири конци на главата, имам повеќе нагмеченици, а очилата ми се скршија. За среќа, велосипедот остана речиси неоштетен“, напиша Георгиевски.

Тој откри дека лицето кое учествувало во несреќата веднаш признало дека згрешило, му се извинило и останало покрај него сè до пристигнувањето на екипата на Итната медицинска помош. Потоа го придружувало и до Ургентниот центар, каде што останало сè додека не пристигнала неговата ќерка.

Во Клиничкиот центар му биле извршени детални прегледи, меѓу кои и компјутерска томографија. Лекарите утврдиле дека нема внатрешно крварење, по што ја санирале повредата на главата со четири конци.

Музичарот јавно им се заблагодари на медицинските тимови за брзата и професионална реакција, нагласувајќи дека добил навремена и квалитетна здравствена грижа.

По незгодата, Перо Камиказа испрати порака до сите велосипедисти и рекреативци да бидат особено внимателни при движењето по Кејот на Вардар и да ги почитуваат правилата на велосипедската патека, со цел да се избегнат слични несреќи.

И покрај непријатното искуство, тој порача дека наскоро повторно ќе се врати на велосипед, а воедно ја потврди и средбата со својата публика на концертот закажан за 23 октомври во салата „Јане Сандански“.

„Фала му на Бога што добив уште една шанса. Се гледаме наскоро на Кејот“, порача Георгиевски.

Веста ја пренесува Fokus.mk

Tags: Камиказа незгода

Continue Reading

Previous: (ФОТО) Откриен идентитетот на трите лица кои починаа во превртениот автомобил кај Блаце!
Next: (ВИДЕО) Приведена директорката на гостиварскиот водовод, Артана Асани

Најново

  • (ФОТО) Пронајден сад со лик на божица: Сензационални археолошки откритија стари 2.400 години во Македонија
  • (ВИДЕО) Тежок удар за Украина: Русите погодија еден од најважните објекти               
  • (ВИДЕО) Само еден потег ја делел од трагедија: Ја оставила колата без активирана рачна сопирачка, па возилото ја прегазило!
  • (ВИДЕО) Шокантно семејно насилство во Индија: Жена го пријавила свекорот за долгогодишна злоупотреба, случајот ја потресе јавноста!
  • (ВИДЕО) Девојчето со ангелски глас: Велина од Врање ги освои срцата со македонски песни и го чува македонскиот мелос!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Пронајден сад со лик на божица: Сензационални археолошки откритија стари 2.400 години во Македонија

(ФОТО) Пронајден сад со лик на божица: Сензационални археолошки откритија стари 2.400 години во Македонија

21/07/2026
(ВИДЕО) Тежок удар за Украина: Русите погодија еден од најважните објекти               

(ВИДЕО) Тежок удар за Украина: Русите погодија еден од најважните објекти               

21/07/2026
(ВИДЕО) Само еден потег ја делел од трагедија: Ја оставила колата без активирана рачна сопирачка, па возилото ја прегазило!

(ВИДЕО) Само еден потег ја делел од трагедија: Ја оставила колата без активирана рачна сопирачка, па возилото ја прегазило!

21/07/2026
(ВИДЕО) Шокантно семејно насилство во Индија: Жена го пријавила свекорот за долгогодишна злоупотреба, случајот ја потресе јавноста!

(ВИДЕО) Шокантно семејно насилство во Индија: Жена го пријавила свекорот за долгогодишна злоупотреба, случајот ја потресе јавноста!

21/07/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Пронајден сад со лик на божица: Сензационални археолошки откритија стари 2.400 години во Македонија
  • (ВИДЕО) Тежок удар за Украина: Русите погодија еден од најважните објекти               
  • (ВИДЕО) Само еден потег ја делел од трагедија: Ја оставила колата без активирана рачна сопирачка, па возилото ја прегазило!
  • (ВИДЕО) Шокантно семејно насилство во Индија: Жена го пријавила свекорот за долгогодишна злоупотреба, случајот ја потресе јавноста!
  • (ВИДЕО) Девојчето со ангелски глас: Велина од Врање ги освои срцата со македонски песни и го чува македонскиот мелос!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.