Македонската пејачка Соња Тарчуловска минува низ еден од најтешките периоди во својот живот. Нејзиниот татко почина по кратко боледување, само неколку месеци по смртта на нејзината мајка, оставајќи го семејството повторно во длабока тага.
Веста за загубата Соња ја сподели преку социјалните мрежи, каде што објави емотивна порака посветена на својот татко. Во неа зборува за силната љубов што ја поврзувала нејзините родители и изразува надеж дека тие повторно се заедно, на место каде што нема страдање и разделби.
„Тато… Замина кај мама. Не можеше да издржиш без неа. Вашата љубов беше посилна и од времето, и од далечината. Сега повторно сте заедно, таму каде што нема болка, нема солзи и нема разделби. А мене ми остануваат спомените, вашата љубов и празнината“, напиша Тарчуловска во својата објава.
Пејачката им изрази неизмерна благодарност на своите родители за љубовта, поддршката и вредностите што ѝ ги пренеле, нагласувајќи дека нивната пожртвуваност и пример ќе останат нејзина животна сила.
Во нејзината објава таа му испрати последен поздрав на својот татко со зборовите:
„Почивај во мир, тато. Прегрни ја мама и кажи ѝ дека ми недостига исто како и ти. Ќе ве носам двајцата во моето срце додека дишам. Со бескрајна љубов, твојата ќерка Соња.“
Нејзината објава предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а колеги, пријатели и почитувачи испратија пораки со сочувство и поддршка во овие тешки моменти.
Објава: Sonja Tarchulovska.

