Фото: Принтскрин
Руските воени сили утрово го извршиле најинтензивниот балистички напад на Киев од почетокот на инвазијата во Украина.
Според податоците, руските воени сили напаѓале околу 40 минути со балистички ракети, меѓу кои се „Искандер-М“, „Циркон“ и „С-400“.
Руски воени летала „Герањ-4“ уништиле и логистички центар во Украина, кој го користела војската за транспорт на воена опрема.
Овој дрон има боева глава тешка меѓу 50 и 90 килограми, а благодарние на новата аеродинамичка структура е способен да изведе остри маневри за време на летот.
