Фото: Принтскрин
Три девојки добија кривични пријави по случајот кој ја згрози Македонија за врсничкото насилство во Куманово.
Една девојка на 18-годишна возраст П.А. како и две малолетнички на 14 и 15 години од Куманово го повикале 14-годишното девојче да излезе од своојт дом на 13 март 2026 година околу 18 часот.
Тие потоа ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ каде што ја навредувале, тепале и целиот настан го снимиле со мобилен телефон.
