Во забавен парк во Германија се случил вознемирувачки случај на занемарување на домашно милениче. Златен ретривер бил оставен заклучен на задното седиште од автомобил паркиран на температура од околу 25 степени Целзиусови.
Според информациите, кучето останало во возилото речиси осум часа – од претпладневните часови до околу 19 часот. За тоа време, температурата во автомобилот достигнала опасно високо ниво, поради што животното било во тешка и животозагрозувачка состојба.
За среќа, случајни минувачи ја забележале драматичната ситуација и веднаш побарале помош. Со интервенција на службите, кучето било извлечено од прегреаниот автомобил и му била укажана неопходна помош.
Кога сопствениците се вратиле до возилото, веднаш им биле наплатени 500 евра за трошоците од интервенцијата. Но, тоа не е единствената последица. Ветеринарната служба на градот Ботроп покренала управна постапка и поднела кривична пријава поради сомнение за прекршување на Законот за заштита на животните.
Надлежните институции донеле одлука кучето трајно да им биде одземено на сопствениците, па животното повеќе нема да биде под нивна грижа.
Веста ја пренесува Hypetv.hr
