Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Државата ги продава луксузните апартмани на Груевски: Еве колку изнесува почетната цена за становите со џакузи и панорамски поглед!

Gladiator 11/07/2026

Државата повторно ги понуди на продажба трите луксузни апартмани во скопскиот комплекс „Панорама резиденс“, кои беа одземени од поранешниот премиер Никола Груевски во рамки на случајот „Плацеви на Водно“.

Становите, кои се опремени со современ луксуз, располагаат со пространи дневни простории, големи тераси, панорамски поглед кон главниот град и дополнителни удобности, меѓу кои и џакузи на тераса. Агенцијата за управување со одземен имот повторно организира јавно наддавање, откако претходните обиди за продажба на дел од недвижностите не завршија успешно.

Вкупната почетна вредност на трите апартмани изнесува најмалку 2,46 милиони евра.

Два од становите се со површина од околу 200 квадратни метри, а секој од нив има и пространа тераса од речиси 50 квадратни метри. Почетната цена за овие два апартмани е по 850.000 евра, што значи дека проценетата вредност по квадратен метар изнесува околу 4.250 евра.

Третиот апартман има станбена површина од околу 150 квадратни метри, но се издвојува со голема тераса од околу 95 квадратни метри. Почетната цена за него е 760.000 евра.

Според објавениот оглас, заинтересираните лица ќе можат да ги разгледаат становите на 16 јули, додека јавното наддавање е планирано за 29 јули.

Ова не е првпат државата да се обидува да ги продаде имотите одземени од Груевски. Два од овие апартмани веќе беа понудени на продажба, но тогаш не беше пронајден купувач. Претходно, државата успеа да продаде и два други стана на Груевски, лоцирани на улицата „Бихаќка“ во центарот на Скопје.

Недвижностите беа одземени по правосилната пресуда во предметот „Плацеви на Водно“, во кој Груевски беше осуден на девет години затвор за незаконско присвојување средства и нивно користење за купување земјиште и недвижности.

Поранешниот премиер од 2018 година се наоѓа во Унгарија, каде што избега по пресудата, а постапката за негова екстрадиција сè уште не е завршена.

Веста ја пренесува Skopje1.mk

Tags: апартмани Груевски продажба

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) 12 загинати и 23 исчезнати во Шпанија: Бегале од огнот, па завршиле во замка
Next: (ВИДЕО) Хорор во Германија: Куче оставено осум часа во прегреан автомобил!

Најново

  • (ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи во следните секунди: Снимката ги запрепасти сите!
  • (ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје
  • (ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани
  • Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект
  • (ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи во следните секунди: Снимката ги запрепасти сите!

(ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи во следните секунди: Снимката ги запрепасти сите!

11/09/2026
(ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје

(ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје

11/09/2026
(ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани

(ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани

11/09/2026
Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект

Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект

11/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи во следните секунди: Снимката ги запрепасти сите!
  • (ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје
  • (ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани
  • Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект
  • (ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.