Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Опасно откритие кај границата со Грција: Пронајдена граната од Првата светска војна со смртоносен радиус до 150 метри!

Gladiator 30/06/2026

Пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) предупредуваат на сериозна опасност откако во близина на македонско-грчката граница беше откриена неексплодирана артилериска граната, која и по повеќе од еден век останала активна.

Според информациите од ДЗС, денеска во локалитетот „Ќупот“, југозападно од Гевгелија, во непосредна близина на државната граница со Грција, е пронајден топовски проектил со калибар од 75 милиметри, кој потекнува од периодот на Првата светска војна. По неговото откривање, местото било веднаш обезбедено од надлежните служби.

Пиротехничарот Ѓорѓи Стефанов објасни дека станува збор за испукана, но неексплодирана граната која сè уште претставува исклучително висок ризик. Тој нагласи дека дури и минимален механички удар може да предизвика нејзино активирање, а евентуалната експлозија би можела да има смртоносни последици во радиус од околу 150 метри.

Надлежните најавија дека опасното убојно средство ќе биде транспортирано под строги безбедносни мерки до армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништено според утврдените процедури за ракување со неексплодирани убојни средства.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, упати апел до граѓаните доколку забележат предмет што наликува на експлозивна направа, во никој случај да не го допираат или преместуваат. Наместо тоа, веднаш треба да ја известат службата за итни случаи на телефонскиот број 112, за надлежните безбедно да интервенираат.

Веста ја пренесува Дирекција за заштита и спасување.

Tags: граната граница ДЗС

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Македонката Слободанка го освои третото место во „Hype Zvezde“
Next: (ВИДЕО) Херојски пречек за победникот! Еве како изгледаше пристигнувањето на Давид Груевски во Македонија по триумфот на „Hype Zvezde“!

Најново

  • „Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!
  • (ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис
  • Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела
  • Кораб повторно во центарот на вниманието: Вратен двоглавиот орел, симнато македонското знаме!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

„Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци

„Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци

03/10/2026
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!

03/10/2026
(ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис

(ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис

03/10/2026
Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела

Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела

03/10/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • „Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!
  • (ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис
  • Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела
  • Кораб повторно во центарот на вниманието: Вратен двоглавиот орел, симнато македонското знаме!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.