Стотици граѓани вчера вечер се собраа на платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје за да му оддадат последна почит на еден од најголемите македонски музички уметници – Владо Јаневски, кој почина во неделата на 66-годишна возраст.
Во тивка и достоинствена атмосфера, присутните со едноминутен молк му се поклонија на легендарниот пејач, композитор и автор на бројни безвременски хитови. Неговите песни одекнуваа низ платото, а многумина не ги криеја емоциите додека се потсетуваа на музичкото наследство што го остави зад себе.
Посебен момент беше заедничката изведба на неговиот култен хит „Некогаш и негде“. Со запалени светилки на мобилните телефони, стотиците присутни создадоа впечатлива глетка, претворајќи го просторот во симболично „ѕвездено небо“ и испраќајќи му емотивно последно збогум на уметникот чии песни ќе продолжат да живеат меѓу генерациите.
Веста, фотографиите и видеото ги пренесува Skopje1.mk
Видеото може да го погледнете тука!




