Во населбата Раџаџинагар во Индија, на патот Рама Мандир, се случила тешка и вознемирувачка несреќа кога сува гранка од дрво ненадејно се скршила и паднала врз велосипед што се движел.
Во инцидентот сериозно бил повреден 52-годишен маж по име Сатиш. Тој веднаш бил пренесен во болница, каде лекарите потврдиле дека неговата состојба е критична и дека се наоѓа во кома.
Несреќата предизвикала шок кај минувачите, а локалните власти ја истражуваат причината за падот на гранката и безбедноста на дрвјата долж улицата.
Веста ја пренесува Boldapunjabnews.
