Безгрижната детска игра во парк се претворила во необична спасувачка акција, откако 11-годишно девојче се заглавило во лулашка која е наменета исклучиво за бебиња.
Иако членовите на нејзиното семејство се обиделе да ѝ помогнат, не успеале да ја извлечат, па била повикана противпожарната служба.
По пристигнувањето на местото, пожарникарите не се одлучиле да ја сечат или оштетат лулашката. Наместо тоа, примениле едноставно, но ефикасно решение – нозете на девојчето ги премачкале со сапуница.
Благодарение на лизгавата површина што ја создала сапуницата и внимателната интервенција на спасувачите, девојчето било успешно ослободено без никакви повреди, а лулашката останала неоштетена.
Видеото од оваа необична интервенција за кратко време стана хит на социјалните мрежи. Надлежните повторно апелираат граѓаните да ги користат детските игралишта и реквизитите согласно нивната намена, со цел да се избегнат вакви ситуации.
Веста ја пренесува Beogradanas.
