Фото: Принтскрин
Данска размислува за воведување забрана за звучното емитување на повикот за молитва (езан) од џамиите, како дел од поширока дебата за тоа како религиозните практики се вклопуваат во јавниот простор, објави „Дејли Мејл“.
Министерот за имиграција и интеграција на Данска, Мортен Бодсков кажа дека се планира забрана затоа што делови од земјата почнале да се чувствуваат како „предградие на Исламабад“.
Според предлогот, целта е да се ограничи користењето на звучници за верски повици во станбени населби, со аргумент дека јавниот простор треба да остане неутрален и да не се нарушува мирот на граѓаните.
Некои политичари ја поддржуваат мерката, тврдејќи дека Данска не треба да дозволи звучни религиозни повици кои, како што велат, не се дел од традиционалната култура во земјата. Други пак предупредуваат дека ваква забрана може да се смета како ограничување на верските слободи и да предизвика тензии.
Повеќе детали може да се прочитаат на сајтот на „Дејли Мејл“.
