Фото: Принтскрин
Бојан Јовановски, познат како Боки 13, преку своја објава на Инстаграм стори, ја информира јавноста и стави крај на шпекулациите и бројните медиумски повици. Во објавата тој наведе дека навистина бил жртва на сериозна кражба и провала во неговиот дом во Скопје, која се случила во раните утрински часови вчера.
Исто така, потврди дека во моментот на настанот не се наоѓал во државата, туку бил во Белград. Поради тековната истрага, тој истакна дека во оваа фаза не може да споделува дополнителни информации, коментари или детали поврзани со случајот.
Јовановски додаде дека кога дознал веќе тргнал на пат кон Скопје и упати апел јавноста да ја почитува неговата приватност, како и да им се дозволи на надлежните институции непречено да ја завршат својата работа. На крајот се заблагодари за разбирањето.
Веста ја пренесува Бојан Јовановски.
