Вчера доцна навечер, јутјуберот Никола Поповиќ во Општина Аеродром затекнал група малолетници како оштетуваат лулашки и дел од урбаната опрема на детското игралиште „Патрик“, кое се наоѓа зад „Три Бисери“.
Според видеоматеријал, јасно се гледа дека на игралиштето е направена штета, при што дел од лулашките се искршени, а просторот е оставен во нарушена состојба, иако е наменет за деца и граѓани.
Поповиќ реагирал веднаш откако го забележал вандалското однесување, по што ја известил полицијата. Настанот повторно го отвора прашањето за зачувување и заштита на јавните површини, особено детските игралишта, кои често се мета на несовесно однесување.
Случајот доаѓа во период кога сè почесто се апелира на поголема одговорност и грижа за заедничката урбана опрема.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
