Летната сезона во Грција во 2026 година носи јасна поделба меѓу „бесплатното“ море и сè поскапата удобност покрај брегот. Иако влезот во морето не чини ништо, седењето под чадор, освежувањето и забавата на плажа стануваат вистински луксуз. податоците од терен покажуваат колку реално треба да издвојат македонските туристи.
Цените за лежалки (Сет чадор + две лежалки): На поедноставни и помалку посетени плажи се околу 12–15 евра, на Халкидики (Ханиоти, Пефкохори) најчесто од 20 до 40 евра, во Полихроно задните редови чинат околу 20 евра, додека првиот ред покрај море достигнува 50–60 евра. Во Калитеа, каде што има ексклузивни бич барови, цените се искачуваат од 60 до 120 евра. Во Ситонија (Никити, Вурвуру) се движат од 15 до 50 евра, со исклучоци каде што во Сарти сè уште може да се добие бесплатно со пијалок, додека на Тасос се движат од 12 до 40 евра во зависност од локацијата и уреденоста. во бич баровите цените за пијалаци исто така се високи: Ладно кафе или фрапе чини од 3,5 до 5 евра, еспресо од 3 до 4 евра, пиво од 5 до 6 евра, а коктели од 8 до 12 евра.
Најголемата разлика се гледа кај водата, каде мало шише на плажа чини 2 до 4 евра, додека во маркет литар и пол е под 1 евро, а сладоледот чини од 2,5 до 4 евра по топка. За забава и водени спортови, возење џет-ски од 15 до 20 минути чини 40 до 70 евра, парасејлинг за две лица е 50 до 80 евра, возење „банана“ 12 до 20 евра по лице, додека SUP даска или педалинка се изнајмува за 10 до 15 евра на час. Според актуелните правила во Грција, дел од плажите мора да имаат слободни зони за туристи со сопствена опрема, па така едно семејство може да помине многу поевтино — околу 10 до 15 евра дневно ако носи сопствена храна, вода и чадор, наместо да троши над 100 евра во бич барови и комерцијални зони.
Веста ја пренесува Zboruvaj.mk
